0_Македонија.ПорталПолитички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Се ближи крајот на криминалните тендери и грантови

Се ближи крајот на криминалната банда на чело со Зоран Заев. 12 април е близу, а со тоа блиску е и крајот на криминалните тендери и грантови, народни пари кои завршуваа во џебовите на високи државни и партиски функционери на СДСМ.

23 февруари 2020

Се ближи крајот на криминалната банда на чело со Зоран Заев. 12 април е близу, а со тоа блиску е и крајот на криминалните тендери и грантови, народни пари кои завршуваа во џебовите на високи државни и партиски функционери на СДСМ.

Доаѓа крајот на безидејноста, неспособноста и корупцијата, доаѓа времето за „Oбнова на Македонија“. Рекетот и криминалот го одбележаа владеењето на Зоран Заев, неказивноста на корупцијата и криминално ја загрозија нашата иднина, ја загрозија европската перспектива.

Заев на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија им донесе само порази и понижувања ја клекна на колена македонската економија, здравство, образование. За 3 години власта на СДСМ немаше ниту еден инфраструктурен проект со кој може да се пофали, илјадници граѓани на Македонија се одлучија среќата да ја побараат надвор од државата.

Власта заборави на сите свои ветувања, просечната плата од 500-тини евра, 500-те километри автопат, пензиите не се посакачија, а животот кој го ветија се превори во вистински пекол за граѓаните.

Животот дојде само за оние малкумина обожаватели на Заев кои својата поддршка ја наплатија преку криминал и корупција, на штета на граѓаните.

Време е да се стави крај на криминалната транзиција која ја започна СДСМ, време е конечно Македонија да застане на нозе. Да ставиме крај на транзиционите политичари, време е младите да ја гледаат иднината во сопствената држава, тука каде што е нивниот вистински дом.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close