Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со лаги сака да го покрие својот криминал

СДСМ не може да се помират со фактот дека по 12 април ќе одговараат за целиот криминал кој го направија.

Реакција на изјавата на Стефан Васев

Скопје, 1 март 2020

СДСМ не може да се помират со фактот дека по 12 април ќе одговараат за целиот криминал кој го направија. Паниката која ги зафаќа ги тера да одат од грешка во грешка. Обвинувањата кои СДСМ и Зоран Заев неколку дена по ред ги изнесуваат за наводен криминал се апсолутно неточни. Доколку има било каква вистина во нивните обвинувања досега ќе отвореа постаки, а судството контролирано од нив ќе донесеше експресни пресуди.

Да појасниме, се работи за два различни договори, по отворена транспарентна постапка, и кога почнува вториот договор, се раскинува првиот договор. Вториот договорот важел до пред 6 месеци, период кога СДСМ е на власт, а Заев е премиер.

Вакви слични лажни обвинувања СДСМ изнесуваше и за начинот на кој Христијан Мицкоски се стекнал со концесија за хидроцентрали за кои антикорупциската комисија потврди дека нема никаква поврзаност со неправилности и криминал.

На 12 април народот ќе го казни СДСМ и политиките на Зоран Заев, а потоа ќе има одговорност за целиот сторен криминал.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close