Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ освен што краде од граѓаните краде и од нашите проекти

Заев го копира ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во проектите. СДСМ освен тоа што краде од граѓаните краде и проекти од ВМРО-ДПМНЕ. Автопатот Велес Прилеп Битола ќе го изгради ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 20 февруари 2020

Заев го копира ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во проектите.

СДСМ освен тоа што краде од граѓаните краде и проекти од ВМРО-ДПМНЕ. Автопатот Велес Прилеп Битола ќе го изгради ВМРО-ДПМНЕ. И кон тоа се обврзавме а денес тоа го вети и Заев со таа разлика што за 3 години не изгради ниту еден километар.

Освен тоа ВМРО-ДПМНЕ се обврза дека : ќе изгради експресни патишта од Куманово – бугарска граница, Кочани – Штип, Штип – Радовиш, Струмица-бугарска граница, Кавадарци – Прилеп и Битола-грчка граница.

Дополнително во период од четири години предвидени се 1000 километри нов асфалт на регионалните патишта низ државата.

ВМРО-ДПМНЕ се што ветува и остварува. СДСМ имаше три години и не направи ништо. Не би направиле и во иднина.

СДСМ лоповска нема кредибилитет.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close