Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Дамјан Манчевски ширaт лажни вести дека деновиве најголем број од заразените се од литијата во Струга

СДСМ и Дамјан Манчевски се во паника дека ја губат довербата кај граѓаните и мислат дека со ширење на лажни вести ќе ја вратат довербата кај народот.

Скопје, 21 мај 2020

СДСМ и Дамјан Манчевски се во паника дека ја губат довербата кај граѓаните и мислат дека со ширење на лажни вести ќе ја вратат довербата кај народот.

Дамјан Манчевски во во гостување во телевизија 24 рече дека најголемиот број на новозаразени доаѓаат од литијата во Струга и ифтарските вечери.

Информациите кои ги дава министерството за здравство и Венко Филипче ниту вчера, ниту денес нема новозаразени од корона вирусот од Струга.

Не само што шират лажни вести СДСМ и Манчевски се поставува и прашањето од каде му е оваа информацијата на Дамјан Манчевски кога ниту министерот за здравство Венко Филипче го нема кажано тоа?

СДСМ мислат дека со ширеше на лажни вести ќе го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи овие лажни политики на СДСМ кога и да се случат изборите.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close