Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го користи судството за политичка пресметка со неистомислениците и за заштита на криминалот и корупцијата

СДСМ е единствената партија во Европа контролирана и водена од аболициран криминалец.

Скопје, 15 јануари 2020

Реакција на прес-конференцијата на Хари Локвенец

СДСМ е единствената партија во Европа контролирана и водена од аболициран криминалец. Тој аболициран криминалец беше на чело на телото за реформи на судството и оваа позиција дополнително ја искористи за да обезбеди ослободителни пресуди за случаите Поткуп и Пуч. Хари Локвенец друг пат кога ќе излезе на прес конференција нека ја погледне изјавата на неговиот аболициран лидер од пред една година дека судството е реформирано и отворено како пупка.

СДСМ од една страна го претвори судството во маша за политичка пресметка со неистомислениците, а од друга страна го користи за заштита на криминалот и корупцијата кои што ги генерира нивната власт.

Судството под контрола на Зоран Заев ги штити криминалите и корупцијата на оваа власт. Нема никаква правна разврска за скандалот Леонардо во кој е вмешан владиниот генерален Секретар Драги Рашковски, нема разрешница за крвавиот тендер, тендерот со стерилизација, скандалот Инсулин, Скандалот Вирус, скандалот Рекет 2, Рекет 3 во кој е вмешан Венко Филипче, тендерите на Кочо Анѓушев, скандалите на локалните шерифи- градоначалници во Штип, Демир Хисар, Делчево и слични, тепачот Курто Дудуш, скандалот со Фондот за иновации од каде пари доби и фирмата на Хари Локвенец, изборната корупција направена директно од Заев за референдумот и десетици други поголеми корупциски и криминални скандали.

Да имаше правна држава пола раководство на СДСМ ќе требаше да одговара. Но 12 април е блиску и после тоа ќе следи владеењето на правото кое ќе донесе правда за сите и сите кои го прекршиле законот ќе одговараат без разлика на нивната политичка ориентација.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close