Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја задолжи државата за над половина милијарда евра, а граѓаните од Скопско уште газат во кал

Зоран Заев ништо не работи. Неговите лаги веќе не минуваат. Неговото „ќе” и празните ветувања со кои ги потценува обичните луѓе, предизвикуваат револт. Граѓаните во лице му кажуваат дека не го бива.

Скопје, 6 декември 2019 

Зоран Заев ништо не работи. Неговите лаги веќе не минуваат. Неговото „ќе” и празните ветувања со кои ги потценува обичните луѓе, предизвикуваат револт.

Граѓаните во лице му кажуваат дека не го бива.

Не му завршија работа провладините телевизии и пропагандата платени со рекетирањето на СЈО. Баба Перса му ја кажа вистината во очи, иако се обиде да ја спречи и наклевети во негов стил.

Граѓаните повеќе не се плашат. Оваа власт потроши три години од нивните животи и не направи ништо за нив и за државата.

Додека Заев и неговите ја раскрчмуваат државата и делат милионски тендери, граѓаните газат по кал и немаат водовод и канализација.

СДСМ ја задолжи државата за над пола милијарда евра, а граѓаните од скопско уште газат во кал.

Граѓаните се доказ дека не блескаме. Реалноста која му беше предочена на Зоран Заев е секојдневие за народот, кој не гледа преку розевите наочари на Заеви.

На бедата мора да и се стави крај. По 12 април следува работа и обнова на Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Back to top button
Close
Close