Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Раст на БДП за минимум 4 проценти годишно и стабилна економија

ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за доброто на сите граѓани во Република Македонија. Потврда за тоа се мерките и проектите кои ќе бидат дел од предизборната кампања. По победата на 12 април и формирање на идната влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе започне со реализирација на програмата од која што најголема придобивка ќе имаат сите граѓани.

Скопје, 3 март 2020 

ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за доброто на сите граѓани во Република Македонија. Потврда за тоа се мерките и проектите кои ќе бидат дел од предизборната кампања.

По победата на 12 април и формирање на идната влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе започне со реализирација на програмата од која што најголема придобивка ќе имаат сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да донесе раст на БДП за минимум 4 проценти годишно и со тоа да обезбеди стабилна економија. Нашата цел е да поттикнеме раст на економијата и да креираме квалитетен амбиент за работа, која што ќе привлече инвестиции и ќе влијае на отворање на нови работни места.

ВМРО-ДПМНЕ и обновата на Македонија се обврзуваат да донесат повеќе пари за бизнисот, помалку давачки и бирократија. Ова значи намалување на парафискалните давачки за фирмите кои што се резултат на анализата и средбите со стопанските комори и стопанствениците. Освен за парафискалните давачки, имаме и детална анализа за кратење на сите административни бирократски процедури кои се пречка за бизнисот.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да реализира повеќе од 90 проценти од планираните капитални државни инвестиции годишно.

ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди подобрување на бизнис климата во државата, но и подобрување на економскиот рејтинг на државата што подразбира не само економски и институционални мерки туку и борба против корупцијата и криминалот.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува Македонија да се искачи во Топ 10 на листата на „Дуинг бизнис“, да влезе во првата третина на листата на Светскиот економски форум „Давос“, како и да влезе во првата четвртина на листата на „Форбс“.

Република Македонија мора да има силни институции во служба на граѓаните, правна сигурност и владеење на правото, како и макроекономска стабилност.

Обновата на Македонија следува по 12-ти април.

ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе повеќе за секого во државата.

По 12-ти април следува вистинска грижа и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close