Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет на СДСМ, Заев и Филипче се личните бизнис интереси, а не добросостојбата на граѓаните

Приоритет на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче се личните бизнис интереси, а не добросостојбата на граѓаните. СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче продолжуваат да ги лажат и манипулираат граѓаните во предизборниот период.

Скопје, 27 јануари 2020

Приоритет на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче се личните бизнис интереси, а не добросостојбата на граѓаните.

СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче продолжуваат да ги лажат и манипулираат граѓаните во предизборниот период.

Нема ни трага ни глас од Клиничкиот центар кој сега речиси требаше да биде готов. Клинички центар кој благодарение на СДСМ, Заев и Филипче ќе чини 3 пати повеќе од претходно планираното.

Граѓаните се уште чекаат Заев да го продаде тоа на М и да купи амбулантни возила, како што ветуваше.

Здравството во Република Македонија е на дното.

Заев и Филипче не направија ништо за подобрување на здравствената заштита на граѓаните и подобрување на здравствените услуги. Но, затоа добро се погрижија за своите приватни бизнис интереси и лично богатење со наместени криминални тендери со милионски суми.

Сите проекти на СДСМ, Заев и Филипче пропаѓаат. Затоа на 12 април следува обнова на Македонија.

СДСМ, Заев и Филипче се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close