Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Полициското пречекорување на овластувањата мора да се санкционира

Мафијата на власт создаде општество во кое се тепа народот

Скопје, 25 септември 2020 

Мафијата на власт создаде општество во кое се тепа народот

ВМРО-ДПМНЕ го осудува секој облик на насилство.

Мафијата на власт кога прави политичко насилство, прави насилство и врз народот.

Мафијата на власт наместо Едно општество за сите, создаде општество на доминација на насилство, притисок и криминал. Мафијата на власт создаде општество во кое се тепаат новинари, се тепаат критичари на власта, а се тепа и народот.

Мафијата на власт создаде општество во кое се злоупотребува полицијата за личен пиар на мафијата, со девастација на системот со наместени казни за Заев и мафијата на власт.

Вистината е дека Заев и Спасовски удрија по народот. Заев и Спасовски стоеја зад убедувањето дека партиската книшка на СДСМ ќе ги заштити во криминал, а сега мафијата на власт брутално тепаат.

Наместо превенција, мафијата на власт ја злоупотребува полицијата и користи сила.

Ова не смее да се премиже, мора да има одговорност во врвот на мафијата на власт и оставка од Оливер Спасовски.

Вчерашниот случај на физички напад и пречекорување на овластува на врз граѓанин, мора да биде предмет на реакција на соодветните инстанци и потоа да следат санкции.

Полицијата мора да работи на градење на доверба. Се друго е зафат во штитење на мафијата. Спречувањето на криминалот исклучиво согласно законот е обврска и задача на МВР и БЈБ. Жалиме што поради непрофесионалноста во мал дел од полициските редови, тоа остава лош впечаток меѓу граѓаните, а за тоа е виновен врвот во МВР и затоа Спасовски мора да си замине.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close