0_Македонија.ПорталПолитички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството молчи за криминалите на Заев

Генерален секретар на Влада договора тендер од 8 милиони евра. На Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски му беше дозволено да излезе од затвор, за потоа тој да избега.

Скопје, 2 февруари 2020

Се случи “Рекет1” и „Рекет 2“.

Генерален секретар на Влада договора тендер од 8 милиони евра. На Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски му беше дозволено да излезе од затвор, за потоа тој да избега. Во 10 дена, фирми блиски на Заеви добиваат лиценци за извоз на марихуана. Зоран и Вице Заеви купувале гласови за избори. Кога Заев се заканува на бизнисмени пред гласање, кога се гласа за 3 секунди, кога има крвави тендери, кога има криминални иновации, кога Курто Дудуш тепа граѓани, кога Павле Богоевски нарачува „полче“, Обвинителството молчи.

Молчат.

Секоја држава има своја мафија, само во Македонија мафијата доби своја држава. И еден човек е најодговорен за сето тоа.

Заев е виновен!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close