0_Македонија.ПорталОригинални текстовиПолитички партии

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека четвртиот пакет мерки ќе биде параван на власта за крадење

Скопје, 20 септември 2020

Скопје, 20 септември 2020

Откако СДСМ го зголеми долгот за 1 милијарда евра и наместо тие пари да одат за поддршка на бизнисот направи брутален поткуп и талибански избори сега срамно најавува нов пакет на мерки.

Впрочем неспособната влада на Заев излажа за мерките и од претходниот пакет каде вети и не исполни викенд без ДДВ, вети и не исполни 150 милиони евра поддршка за мали и средни претпријатија, вети и не исполни бескаматни кредити со 30 проценти грант, вети и не исполни државна гаранција за кредити итн.

Ветија и не исполнија затоа што парите мафијата на Заев ги крадат.

Ковид кризата им служи за параван за да продолжи Заев и мафијата да крадат. Новите мерки кои ги најавува Заев откако не ги реализираше ниту претходните се ништо друго освен параван за крадење додека јавноста ќе ја лажат дека помагаат.

Едноставно прашање, ја задолжија државата за една милијарда евра, но кому помогнаа? Нека набројат една сфера каде има задоволство и позитивни резултати од преземените мерки.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close