Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот Закон за легализација на бесправно изградените објекти е продолжение на криминалното работење на СДСМ

Новиот Закон за легализација на бесправно изградените објекти е продолжение на криминалното работење на СДСМ и општ грабеж на народот. Според членот 20 физичките лица, односно граѓаните ќе треба да платат неверојатни 150 проценти од вредноста на комуналиите за објектот.

Скопје, 21 јануари 2020

Новиот Закон за легализација на бесправно изградените објекти е продолжение на криминалното работење на СДСМ и општ грабеж на народот. Според членот 20 физичките лица, односно граѓаните ќе треба да платат неверојатни 150 проценти од вредноста на комуналиите за објектот.

Да повториме дека граѓаните според новиот предлог закон ќе плаќаат 150 проценти од вредноста на комуналиите, а приватните компании кои ја користат од државата изградената, а потоа дадена под концесија даден кабловска канализација не само што добиваат право да ја купат туку за истата нема да треба да платат ниту денар комуналии.

СДСМ повторно ја става раката во џебот на граѓаните во обид за да ги задоволи расипничките потреби. Да потсетиме дека и изминатата година буџетот беше мегаломански и рушеше рекорди, милиони евра пари на граѓаните беа потрошени во непродуктивни цели. Реализацијата на капиталните инвестиции веќе трета година по ред е на очајно ниво, нема изградба на нови болници, училишта и градинки.

Зоран Заев и СДСМ ветија изградба на 550 километри автопат. До сега немаат изградено ни 1 метар нов автопат. 3 години поминаа во лаги и манипулации на граѓаните.

Доаѓа крајот на оваа неспособна криминално рекетарска банда. На 12-ти април граѓаните ќе го дадат својот глас за обновата на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close