Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Нефункционални здравствените, образовните институции и градинките

Сега поради негрижата на Владата на СДСМ речиси секој ден слушаме за заболени деца од градинките, за заболени лица кои работат во истите што води кон сериозен проблем во и онака лошата ситуцаија со корона кризата.

21 септември 2020 

Зоран Заев и неговите министри во услови на пандемија со КОВИД-19 наместо решенија за проблемите и предизвиците, тие системот го доведоа до колапс.

Наместо скрининг на вработените и обука за работа во услови на корона пред отворањето на градинките приоритет ставија на личните и партиските интереси.

Сега поради негрижата на Владата на СДСМ речиси секој ден слушаме за заболени деца од градинките, за заболени лица кои работат во истите што води кон сериозен проблем во и онака лошата ситуцаија со корона кризата.

Заборавено и со низа на проблеми остана и образованието.

Владата на СДСМ го одложи и стартот на учебната година која имаше време да ја подготви, но наместо на тоа акцентот го ставија на предизборен поткуп и на лични и партиски интереси.

Негрижата кон младите резултира со тоа децата да немаат прецизни насоки за тоа кој и како ќе ја следи наставата, води до тоа 40 илјади деца да немаат можност да ја следат онлајн наставата.

Незаинтересираноста за образовниот процес резултира со тоа што обуките за наставниот кадар и на помалку од десет дена од предвидениот старт на учебната година да не се ни почнати.

Владата предводена од СДСМ и неодговорното однесување на Зоран Заев и неговите министри направија нефункционални здравствените институции, градинките и обраовните институции. Одговоро немаат ни за колабираната економија.

Зоран Заев и неговите министри не се решение на проблемите, тие ги создаваат проблемите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close