Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Не постојат инвестиции во културата

Реакција на изјавата на Богданка Кузеска

Реакција на изјавата на Богданка Кузеска

Скопје, 4 март 2020

СДСМ повторно безочно лаже.

СДСМ три години се на власт и освен скандалозните програми, скандалозната Национална стратегија, скандалозниот Предлог-закон продолжуваат и понатаму да лутаат во лавиринтот на безидејноста.

Ги советуваме гласноговорниците од СДСМ добро да си ги проверат изнесените невистини бидејќи во нивниот Предлог – закон за култура делегираниот буџет не постои, а повеќе-годишно финансирање е сосема паушално наведено без никакви механизми за имплементација.

Исто така, инвестиции во културата не постојат, нешто по кое ќе остане препознатлива оваа Влада на СДСМ која во својот мандат нема заковано ниту една шајка во институциите од областа на културата.

Културните работници знаат да препознаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија во која културата секогаш била врвен приоритет.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди Програма за враќање на дигнитетот на македонската култура и унапредување на нејзиниот развој во сите сегменти.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close