Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство потврди дека уништило инсулин со валиден рок

Министерството за здравство денес буквално го призна скандалот со уништување на инсулин со валиден рок, колку и да се крие зад манипулативни соопштенија. Министерството за здравство потврди дека уништило инсулин со валиден рок.

Скопје, 8 декември 2019

Министерството за здравство денес буквално го призна скандалот со уништување на инсулин со валиден рок, колку и да се крие зад манипулативни соопштенија. Министерството за здравство потврди дека уништило инсулин со валиден рок.

Кога веќе го призна скандалот тежок 1,5 милиони евра, тогаш треба да се понесе и одговорност.

Уништени се количини од инсулин кој го произведува една од најреномираните светски компании, која со своето реноме стои зад квалитетот и не се работи воопшто за неквалитетен инсулин. Ги повикуваме министерството за здравство да ја објавата целата документација за ова скандалозно уништување и ако имаа храброст нека објаснат како инсулинот произведен од една од најреномираните светски компании бил неквалитетен.

Уништениот инсулин имал рок на употреба до 6 и 7 месец наредната 2020 година, што го отвора сомнежот дека крајната цел била да се создаде во наредниот период инсулинска криза во Македонија, која после би се менаџирала со интервентна набавка.

Оваа уништена количина има пазарна вредност од 1,5 милиони евра и за таа сума постои штета по буџетот за која некој треба да одговара.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close