0_Македонија.ПорталПолитички партии

ВМРО – ДПМНЕ: Мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка

Мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка. Економијата оди кон амбис, а владата не презема ништо. Квазимерките кои ги најавија ќе остават десетици илјади работници без помош.

Скопје, 6 април 2020

Мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка.

Економијата оди кон амбис, а владата не презема ништо. Квазимерките кои ги најавија ќе остават десетици илјади работници без помош.

Неделувањето на власта веќе остави над 20% од вработените во државата без работа.

Доколку нема суштинака помош за бизнисот ќе следи економска катаклизам со масовни отпуштања и затворања на фирми.

На здравствено поле. Лекарите се борат голораки. Владата не обезбеди заштитна опрема и дозволи над 10% од заразените да бидат лекари.

Аматеризмот на власта мора да запре. Граѓаните очекуваат сериозен пристап.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close