Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека Мицкоски ја поскапел струјата за 100 проценти, СДСМ ќе заработи тужба за клевета

Тотална лага е дека Мицкоски ја поскапел струјата за сто посто и СДСМ ќе заработи тужба за клевета, протестот е против поскапата струја со која Заев сака да го сокрие грабежот на народот

– реакција на прес конференција на Богданка Кузеска

07.09.2020

Тотална лага е дека Мицкоски ја поскапел струјата за сто посто и СДСМ ќе заработи тужба за клевета, протестот е против поскапата струја со која Заев сака да го сокрие грабежот на народот

Почитувани,

СДСМ се служи со груби клевети и лаги за да се тргне вниманието од ограбувањето на народот. Тотална Лага е дека Христијан Мицкоски ја покачил цената на струјата за 100 проценти, и поради таквото груба клевета на портпаролката, Богданка Кузеска пратена од Зоран Заев ќе заработи тужба за клевета доколку јавно не се извини.

Што се однесува до втората лага дека протестите биле против Европската иднина, видовме како СДСМ и Заев ја разбираат европската иднина, а таа оди преку контраверзниот бизнисмен со руски врски Дака Давидовиќ кому Заев му овозможи измена на ДУП првиот ден од новата влада за бизнис вреден 200 милиони евра. Додека го ограбува народот Заев е во тесни бизнис врски со контраверзен бизнисмен за кого постојат написи и сомневања дека пере пари од источни земји.

И сосема на крај, протестот е поради тоа што мафијата на Заев го ограбува народот со скапи сметки за струја. Затоа што во исто време кога министрите и директорите уживаат привилегии и раскош народот живее на вересија.

Заев додека вели дека блескаме, над сто илјади луѓе живеат со помалку од 50 денари дневно.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close