Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ:Граѓаните заслужуваат да се чувствуваат безбедно, а криминалците да се најдат зад решетки

Со криминал и газење на правото сите врати на Република Македонија се затворени. СДСМ го излажа народот, ги погази националните интереси, потпиша капитулантски договор и на крај не добивме датум за преговори со ЕУ.

Скопје, 22 јануари 2020 

Со криминал и газење на правото сите врати на Република Македонија се затворени.

СДСМ го излажа народот, ги погази националните интереси, потпиша капитулантски договор и на крај не добивме датум за преговори со ЕУ.

ЕУ јасно порача со ова криминално раководство на СДСМ не сака да преговара.

Добро знаат дека СДСМ е единствената партија во Европа контролирана и водена од аболициран криминалец.

СДСМ од една страна го претвори судството во маша за политичка пресметка со неистомислениците, а од друга страна го користи за заштита на криминалот и корупцијата кои што ги генерира нивната власт.

Во СДСМ владее паника. Свесни се за поразот кои им следува. Свесни дека по 12 април сите оние кои што се огрешиле пред законот ќе одговараат, а ќе одговараат и оние кои што се ставиле во заштита на истиот.

Граѓаните заслужуваат правда и правдина. Заслужуваат да се чувствуваа безбедно, а криминалците да се најдат зад решетки. По 12-ти април ќе започне обнова на Македонија и сите врати ќе и се отворат ширум. Бидејќи на 12-ти април граѓаните ќе порачаат Заев и СДСМ никогаш повеќе.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Back to top button
Close
Close