0_Web_АктуелноМакедонија.СлајдерПолитикаПолитички партии

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за распуштање на Собранието на 12 февруари ако тоа не го направи власта

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за распуштање на Собранието на 12 февруари, како што е најавено, доколку тоа не го направи владејачкото мнозинство, соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Скопје, 4 февруари 2020 (МИА) – Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за распуштање на Собранието на 12 февруари, како што е најавено, доколку тоа не го направи владејачкото мнозинство, соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

-Ние ќе поднесеме предлог доколку видиме дека владејачктото мнозинство не поднесува. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и тогаш ќе знае македонската јавност дали, како, кој бега од избори и зошто бега од тие избори, изјави Мицкоски.

Според него, Зоран Заев се обидува по секоја цена да ги одложи изборите.

Мицкоски на прес-конференцијата зборуваше за новиот закон за ЈО за што предлага да се вклучат експерти во неговото донесување.скс/вг/

Back to top button
Close
Close