Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Целиот политички врв е фатен во криминален октопод

Случајот „Рекет“ е единствениот целосно реализиран проект на Зоран Заев во овие три години бидејќи и тој и неговите соработници безрезервно му се посветија.

Скопје, 12 декември 2019

Случајот „Рекет“ е единствениот целосно реализиран проект на Зоран Заев во овие три години бидејќи и тој и неговите соработници безрезервно му се посветија.

Јасно е дека власта не можела да работи ништо друго бидејќи цел мандат нивните функционери наместо да носат инвестиции пиеле кафе со Боки 13.

Наместо натпревар кој повеќе проекти ќе направи имало натпревар кој повеќе слики ќе има со Боки 13.

Цел политички врв е фатен во криминален октопод, а Русковска обвинителството невешто ги прикрива луѓето од власта.

Иако спомнат од жртвите во „Рекет“, Вилма Русковска не најде причина да го повика Оливер Спасовски на распит и да го праша зошто не постапил кога цел јавност знаеше дека Боки 13 функционира криминално. Јавноста и без Русковска ја знае вистината дека врвот на власта е длабоко уплеткан во „Рекет“.

Наместо да се насочи кон организаторите и функционерите кои му дале моќ на Боки 13 да рекетира бизнисмени повеќе една година и никој да не смее да го пријави, Русковска го затвори случајот со извршителите.

Бегањето од правдата нема да трае уште многу. По 12 април ќе има комплетна одговорност за сите кои се огрешиле кон законите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close