0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

ВМРО-ДПМНЕ бара итно продолжување на расправата по Законот за управување со отпад

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска да ја продолжи 130-та собраниска седница на чиј дневен ред се наоѓаат измените на Законот за управување со отпад.

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска да ја продолжи 130-та собраниска седница на чиј дневен ред се наоѓаат измените на Законот за управување со отпад.

– Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ бараме од Талат Џафери денеска да ја продолжи 130-та седница на Собранието на која се наоѓаат измените на Законот за управување со отпад, кој што е поднесен од коалиционен партнер на СДСМ и за него претходно се изјаснија дека ќе го поддржат, а од друга страна пак заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули во дебатни емисии кажува дека е невозможно да се забрани увоз на отпад, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Според него, додека јавноста три години гласно протестира и апелира во врска со увезувањето сомнителен отпад од странските држави, власта предводена од СДСМ никогаш не извршила контрола на тоа што всушност и каков отпад се внесува во државата, „посебно во ситуацијата кога Македонија е една од водечките земји во светот во загаденоста на воздухот“.

Тој тврди дека Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање „три години биле нем набљудувач на внесувањето штетен отпад во нашата држава“.

Данев информира дека бараат и итно разгледување на заклучоците донесени во Собранието. Очигледно СДСМ во пресрет на предизборниот период, како што рече, се обидува да манипулира со оваа болна тема за граѓаните и за општеството, а истовремено и со своите коалициски партнери.

Според него, место да има редовни контроли на отпадот што се внесува во нашата држава, СДСМ „приредува евтин театар манипулирајќи со граѓаните дека нешто работат и преземаат некакви мерки за аерозагадувањето додека реалноста е секој ден се полоша и полоша“. мд/сп/

Back to top button
Close
Close