Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа кај Млечен

ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа со смртни последици кај Млечниот ресторан во Скопје

Скопје, 5 септември 2020

ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа со смртни последици кај Млечниот ресторан во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ со згрозување констатира нефункционалност и целосна политичка инструираност на судската власт.

Со автомобил џип преку две полни линии се уби човек и неродено бебе и за тоа доби само условна казна. Тоа е еклатантен пример за неправда на судството на Заев за кој препознатлив бренд се Луј Витон чантите и рекетот. Тоа е сликата за судството на Заев. Истото тоа судство амнестира криминал на мафијата на Заев и создава неправди.

Вистинското прашање е дали со ваквата неправедна пресуда се штити локален моќник? До кога правдата во Македонија ќе биде неспроведувана? Што треба да се случи власта да престане да ги штити судиите кои не испорачуваат казни и да диригира пресуди?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close