Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: „Аватар“ е над законите зошто е заштитен од Заев

Дискотеката „Аватар“ е над законите зошто е заштитена од мафијата на Заев, сметаат од ВМРО-ДМНЕ.

Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Дискотеката „Аватар“ е над законите зошто е заштитена од мафијата на Заев, сметаат од ВМРО-ДМНЕ.

Според нив една иста компанија два пати ги изигрува законите и процедурите зошто јавна тајна е дека е блиска до семејството Заеви. Но, од ВМРО-ДПМНЕ, потенцираат дека таквата разузданост се плаќа со здравјето на граѓаните.

– Тоа е и доказ за неспособноста на министерот за смрт и зараза Венко Филипче кој не е способен да ги дефинира и спроведе протоколите за здравствена заштита. Тежок дебакл за институциите е да се дозволи корона кластер и тоа на два пати една дискотека да ги изигрува правилата и законите во државата. Таквата слабост е показател дека со државата владее мафија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. оџ/са/

Back to top button
Close
Close