СветСвет.Портал

Властите во Бангладеш уапсија група трговци со луѓе

По убиството на 26 бангладешки работници во Либија минатиот месец, властите во Бангладеш уапсија најмалку 19 осомничени за трговија со луѓе.

Дака, 8 јуни 2020 (МИА)По убиството на 26 бангладешки работници во Либија минатиот месец, властите во Бангладеш уапсија најмалку 19 осомничени за трговија со луѓе.

Од вчера, шест лица се уапсени во главниот град на Бангладеш, Дака, а голем број апсења се извршени и во другите делови на земјата.

Во еден либиски град зафатен со вооружени судири, членовите на семејството на убиен трговец со луѓе минатиот месец извршија напад врз група мигранти кои се обидоа илегално да стигнат до Европа, при што убија 26 Бангладежани и четворица мигранти од Африка.

Либиските власти соопштија дека уште 11 државјани на Бангладеш се повредени во нападот на 28 мај. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close