СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Властите во Андора со намера да ги тестираат сите своите жители за Ковид-19

Владата на Андора почна кампања за масовна студија за новиот коронавирус, што ќе почне в среда со цел да се тестираат сите 77.000 луѓе во земјата.

Андора Ла Виеха, 27 април 2020 (МИА) – Владата на Андора почна кампања за масовна студија за новиот коронавирус, што ќе почне в среда со цел да се тестираат сите 77.000 луѓе во земјата.

– До денеска, реечиси 50.000 луѓе се пријавиле доброволно да бидат тестирани, рече министерот за здравство Жоан Мартинез Беназет, кој ја повика целата популација на Андора да се тестира.

Владата тврди дека може да се извршат околу 7.000 тестови на ден на 11 различни локации во земјата, како и од околу 10 мобилни тимови за да им служат на граѓаните со посебни потреби.

До денеска во Андора има 740 заразени со коронавирусот и 40 починати.

Оние кои ќе бидат „позитивни“ во првиот тест ќе бидат подложени на втор тест (PCR). Ако се покаже позитивно, болеста ќе биде потврдена.

Првата кампања за тестирање ќе трае 10 дена, а ќе следи втора 15 дена подоцна. зш/

Back to top button
Close
Close