0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Владата препорача МИА и МРТ да ги објавуваат сите усвоени заклучоци, мерки и препораки за превенција од ширење на коронавирусот

Владата на денешната 16-та седница препорача АД МИА и ЈП Македонска радио - телевизија (МРТ) редовно на дневна основа да ги објавуваат сите усвоени заклучоци мерки и препораки за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Владата на денешната 16-та седница препорача АД МИА и ЈП Македонска радио – телевизија (МРТ) редовно на дневна основа да ги објавуваат сите усвоени заклучоци мерки и препораки за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Одлуката доаѓа по препораките од состанокот на Комисијата за заразни болести што се одржа денеска во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

-Се укажува на АД МИА – Скопје, редовно, на дневна основа да ги објавува сите заклучоци, мерки и препораки усвоени од Владата на Република Северна Македонија за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), како и прес-конференциите на оваа тема. Се препорачува на ЈП Македонска радио – телевизија, редовно, на дневна основа, преку телевизиските канали, како и Собранискиот канал да ги објавуваат сите заклучоци, мерки и препораки усвоени од Владата на Република Северна Македонија за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), како и прес-конференциите на оваа тема, се вели во препораката од Владата. вј/скс/

Back to top button
Close
Close