0_Македонија.ПорталЛинк во живоПолитика

Владата предлага воведување вонредна состојба во земјата

Премиерот Оливер Спаосовски соопшти дека Владата на својата седница донела одлука за прогласување на вонредна состојба во Република Северна Македонија, со цел справување со состојбата со коронавирусот.

Скопје, 18 март 202 (МИА) – Премиерот Оливер Спаосовски соопшти дека Владата на својата седница донела одлука за прогласување на вонредна состојба во Република Северна Македонија, со цел справување со состојбата со коронавирусот.

– Владата веќе нема ниту најмала дилема. Затоа на денешната седница предложивме да воведеме вонредна состојва, сега и веднаш. Мерките ги дадоа очекуваните мерки, но тие мерки треба да се заострат со воведување вонредна состојба за да спречиме уште поголем пик. Убедени сме дека тоа може да се сречи само со вонредна состојба, истакна Спасовски на прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека Собранието прогласува вонредна состојба, но ако е распуштено, постои уставна одредба дека претседателот може да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена.

Спасовски истакна  дека ова ќе биде првпат да се воведе ваква мерка во историјата на нашата држава и тоа е една од најтешките одлуки што ги донела која било влада.

– Ништо веќе не е исто. Животот радикално се промени како кај нас, така и во целиот свет. Потребно е секој да се приспособи, истакна Спасовски, додавајќи дека само со вонредна состојба Владата ќе може непречено да делува во борба против вирусот. сп/скс/

Back to top button
Close
Close