0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштествоПолитика

Владата одобри влегување и престој на странски вооружени сили поради воената вежба „Одлучен удар 21“

Странски вооружени сили ќе можат да влезат и престојуваат на територијата на Република Северна Македонија, заради учество на воена вежба „Одлучен удар 21“, одлучи Владата на денешната 64-та седница.

Скопје, 6 април 2021 (МИА) – Странски вооружени сили ќе можат да влезат и престојуваат на територијата на Република Северна Македонија, заради учество на воена вежба „Одлучен удар 21“, одлучи Владата на денешната 64-та седница.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, вежбата ќе се одржи во период од 28 април до 30 јуни 2021 година, и е дел од големата годишна, здружена, мултинационална вежба „DefenderEurope – 21” на која учествуваат околу 1.300 припадници на Армијата на Република Северна Македонија, 500 припадници од Вооружените сили на Соединетите Американски Држави, 20 припадници од Вооружените сили на Република Грција и 20 припадници од Вооружените сили на Република Бугарија, со возила, вооружување, опрема, материјално-технички средства и воздухоплови.
Информацијата за која беше донесена одлука на денешната седница е по предлог на Министерството за одбрана. ар/вј/

Таг
Back to top button
Close
Close