0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Владата на седница ќе расправа за информации и мерки за состојбата со КОВИД-19

Владата денеска ќе одржи седница на која, меѓу останатото, треба да го разгледа и усвои записникот од 71-от состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 10 jуни 2020 година.

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Владата денеска ќе одржи седница на која, меѓу останатото, треба да го разгледа и усвои записникот од 71-от состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 10 jуни 2020 година.

Како што информира владината прес-служба, на оваа седница на предлог на Министерството за економија на дневен ред, меѓудругото е и Информацијата во врска со Програмата за субвенции за кофинансирање на настани за 2020 година.

На  седницата Владата ќе ја разгледа и Информацијата за ставање во функција на веб-страницата за електронски донации solidarnost.gov.mk, со цел да се олесни и поедностави целиот процес на донирање на финансиски средства за сите правни и физички лица кои имаат можност и волја да донираат, како и да се препознае општествено одговорното однесување и да се поттикне солидарноста, во рамки на донаторската соработка. сст/лв/

Back to top button
Close
Close