СветСвет.Портал

Владата и опозицијата на Венецуела потпишаа договор со ПАХО

Владата на Венецуела потпиша договор со Националното собрание предводено од опозицијата, со цел соработка со регионалниот огранок на Светската здравствена организација за борба против пандемијата на коронавирус, изјави денеска министерот за информации Хорхе Родригез.

Каракас, 3 јуни 2020 (МИА)Владата на Венецуела потпиша договор со Националното собрание предводено од опозицијата, со цел соработка со регионалниот огранок на Светската здравствена организација за борба против пандемијата на коронавирус, изјави денеска министерот за информации Хорхе Родригез.

Договорот беше потпишан на 1 јуни меѓу министерот за здравство Карлос Алварадо, претседателот на собраниската Комисија за здравство Хулија Кастра и Панамериканската здравствена организација (ПАХО).

Тој предвидува формирање фонд за финансирање на тестирањата, набавка на заштитна опрема и започнување кампањи.

– Ковид-19 не почитува и дискриминира полови, ориентација или политички партии. Ова е добра вест и добар почеток, рече Родригез.

Лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо порано изјави дека опозицијата потпишала технички договор со ПАХО за започнување програми фокусирани на набавка на опрема за медицински персонал за лекување пациенти. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close