0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Владата ги поништи распоредувањата на Чулев во МВР

Решенијата за распоредување во Министерството за внатрешни работи кои беа деонесени пред 3-4 дена од техничкиот министер за внатрешни работи Наке Чулев, вчера беа поништени.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Решенијата за распоредување во Министерството за внатрешни работи кои беа деонесени пред 3-4 дена од техничкиот министер за внатрешни работи Наке Чулев, вчера беа поништени.

Како што соопшти владината прес служба, вчера на седница на Владата, врз основа на Законот за Влада на Република Северна Македонија, усвоена е одлука за поништување на 89 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наке Чулев на 6 и 7 февруари оваа година. бк/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close