0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Владата ќе ја одржи 63. седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 63-та седница преку видео-конференциска врска.

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 63-та седница преку видео-конференциска врска.
На дневен ред, како што соопшти владината прес-служба, се Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и Предлог-програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, поднесени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Една од точките на дневниот ред на денешната седница е и Предлог-програмата за изменување на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за оваа година, на предлог на Министерството за економија. дма/сп/

Back to top button
Close
Close