0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталОпштество

Владата донесе одлука за забрана на движење на сите граѓани викендот од 16 до 5 часот

Се забранува движењето на сите граѓани за време на викендот (сабота и недела) од 16 часот до 5 часот, одлучи Владата на денешната седница со цел поголема заштита на населението од ширењето на коронавирусот.

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Се забранува движењето на сите граѓани за време на викендот (сабота и недела) од 16 часот до 5 часот, одлучи Владата на денешната седница со цел поголема заштита на населението од ширењето на коронавирусот.

Оваа одлука на Владата, која е дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викендот, по прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче ја соопшти владиниот портпарол Муамед Хоџа.

-Остануваат на сила и сите други претходно  донесени забрани. Ви препорачуваме да ги почитувате сите препораки и мерки од надлежните институции, рече Хоџа. рп/скс/

Back to top button
Close
Close