0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Влада на РСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја кажува вистината, рестораните во државните институции сè уште не работат, а она што нема да се реализира нема ни да се плати

Селективни и тенденциозни информации со цел да создаде лажна слика за расходите на државните институции денеска пласираше партијата ВМРО-ДПМНЕ, се истакнува во реакцијата на Владата по прес-конференцијата на опозициската партија.

Скопје, 3 мај 2020 (МИА) -Селективни и тенденциозни информации со цел да создаде лажна слика за расходите на државните институции денеска пласираше партијата ВМРО-ДПМНЕ, се истакнува во реакцијата на Владата по прес-конференцијата на опозициската партија.

-Не ја кажува вистината, рестораните во државните институции сè уште не работат, а она што нема да се реализира нема ни да се плати. Во име на навремено и точно информирање, ги известуваме граѓаните дека набавките на производи за угостителски услуги се редовни, планирани и се спроведуваат секоја година, целосно транспарентно и согласно сите процедури за јавни набавки, велат од Влаадата.

Информираат дека плаќањето на набавените количини е сукцесивно, односно тоа што нема да се потроши не се плаќа, а количините кои се набавуваат се предвидени и пресметани исклучиво согласно калкулациите и потрошувачката во изминатите години.

-Владата очекува дека потрошените и наплатени количини на производи за храна оваа година ќе бидат значително помали од претходните, особено ако се знае дека рестораните за време на здравствената криза не работеа и сè уште не се во функција, а во 2020 година значително е намален обемот на посети од странски делегации, се истакнува во реакцијата.

Од Владата појаснуваат дека со набавките на основни и специфички прехранбени услуги се опслужуваат Владата, Собранието и Претседателот, а реални корисници се сите државни институции и сите корисници на услугите на рестораните на Владата, Собранието, Претседателот, Клубот на пратеници, вклучително и сите странски претставници на бројните делегации кои доаѓаат во официјални и работни посети на нашата земја.

-Рестораните воедно остваруваат и приход преку овие услуги, со оглед на тоа што тие имаат можност да наплатат на вработените во горенаведените институции, појаснуваат од владата во реакцијата.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека Владата мора да се подготвува за периодот кога институциите ќе продолжат редовно да функционираат и да примаат делегации од земјите и партнерите на Северна Македонија од целиот свет. бк/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close