0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Вкупно 65.544 земјоделци аплицирале за субвенции

Вкупно 65.544 земјоделци поднеле барање за субвенции до 31 јули кога беше крајниот рок за аплицирање, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Оттаму оценуваат дека успешно е завршен процесот на пријавување за користење на финансиска поддршка во земјоделството. 

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Вкупно 65.544 земјоделци поднеле барање за субвенции до 31 јули кога беше крајниот рок за аплицирање, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Оттаму оценуваат дека успешно е завршен процесот на пријавување за користење финансиска поддршка во земјоделството.

–  Аплицирањето се одвиваше електронски. Но, еден дел земјоделци кои не знаеја сами да аплицираат, и оваа година, како и минатите, побараа помош од вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Согласно препораките за превенција од КОВИД 19 и почитување на протоколите, сите кои исполнуваа услови согласно Програмата за земјоделство, поднесоа барања за користење на финаниска поддршка во земјодделството, истакна директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски. бак/лв/

Back to top button
Close
Close