0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Вкупно 22 лица во Скопје обвинети за непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Скопје, 11 август 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, постапиле спротивно на Одлуката за забрана на одржување и собирање на масовни собири и настани на отворен и затворен простор од секаков вид, со која се опфатени и јавни и приватни собири.

– Тие за верскиот празник Курбан Бајрам, во дворно место од семејна куќа, организирале семејна веселба на која биле присутни од 60 до 80 гости. За обвинетите, надлежниот јавен обвинител предложи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 25 евра во денарска противвредност, појаснуваат од Јавното обвинителство.

Против две други лица, од кои едното е косовски државјанин, Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен предлог за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Спротивно на Одлуката и протоколите за отворање на угостителските објекти за исхрана, со кои се забранува организирање прослави во отворениот и затворениот дел од објектот, се подвлекува во соопштението, тие организирале прослава по повод веридбата на синот на еден од обвинетите во угостителскиот објект во сопственост на другиот обвинет. На прославата присуствувале околу 15 гости.

Против 18 лица, пак, Основното јавно обвинителство Скопје поднело предлози за издавање казнени налози поради непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

– За време на тогаш важечкиот полициски час, лицата без дозвола се движеле на различни локации во градот. За овие обвинети до надлежниот Основен кривичен суд Скопје предложени се парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност од 20 евра во денарска противвредност, соопштија од ЈО.​ цр/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close