Дописници МКДОпштински вести

Вкупно 17 лица вклучени во работата на Просторните сили во Делчево

Продолжуваат обуките на Просторните сили во Делчево. Досега, како што информира командирот на таканаречените резервни пожарникари Љупчо Чучуковски вкупно 17 лица учествувале во активностите на Просторните сили.

Делчево, 25 април 2020 (МИА) – Продолжуваат обуките на Просторните сили во Делчево. Досега, како што информира командирот на таканаречените резервни пожарникари Љупчо Чучуковски вкупно 17 лица учествувале во активностите на Просторните сили.
-Овие 17 луѓе ја поминаа почетната обука за гаснење на пожар на отворено или поточно на гасење на пожар во шума. Обуките се одвиваат во најдобар ред и со почитување на правилата за работа од надлежните, истакна Чучуковски.
Како што додава, во редовите на просторните сили првпат е вклучена и жена.
-Ова е прв ваков случај во Брегалничкиот регион. Таа е член и на Планинарски спортски клуб „Голак” од Делчево, жена интелектуалец, која е спремна како психички, така и физички во целост да ги исполнува работните задачи кои ќе и бидат доделени, додава Чучуковски.
Улогата на припадниците на Просторните сили или таканаречените „Резервни пожарникари“ е да ги заменат припадниците на Територијалната противпожарна единица во случај на појава на зараза од КОВИД-19 меѓу самите нив, а во насока на спречување на евентуалната појава на пожари. вс/мд/

Back to top button
Close
Close