Останато

„Виз ер Скопски маратон“ додели награди и признанија

На пригодна церемонија во Скопје вчеравечер им беа доделени благодарници на сите што помогнаа во одржувањето на 15. „Виз ер Скопски маратон 2019“.

Скопје, 21 мај 2019 (МИА) – На пригодна церемонија во Скопје вчеравечер им беа доделени благодарници на сите што помогнаа во одржувањето на 15. „Виз ер Скопски маратон 2019“.

– Пред 15 изданија знаевме само дека сакаме да направиме нешто големо и значајно. Сакавме луѓето да спортуваат, да се забавуваат, но и да се натпреваруваат. Многу беше емоционално кога ги видовме во толку голем број како стапнуваат на патеката. Тогаш воочивме дека нашите цели се постигнуваат и дека соништата ни се исполнуваат, велат од тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје.

Оваа јубилејна година Виз Ер Скопски маратон зеде голем чекор и за зацврстување на хуманитарниот елемент. Тие преку соработка со givengain.com успеаја да поттикнат 164 донации на 4.248 евра од 19 земји за три организации, СОС Детско село, Проект среќа и Здружение на лица со пулмонална хипертензија – Момент плус.

На свеченоста им беа доделени и наградите на најдобрите три тима во женска и во машка конкуренција, на трката на 5км. Кај атлетичарките тоа се: NRC – Nike + Run Club, Делта и Алкалоид – Здравјето пред сѐ. Во машка конкуренција најбрзи беа Делта, втори NRC – Nike + Run Club и трети ДХЛ Тим.

Најдобри три женски екипи од 21км тим билдинг трката беа Делта, NRC – Nike + Run Club, Beat Run Crew, а машки АРМ, Делта и NRC – Nike + Run Club. Од женските тимови на штафетниот маратон „ЕУ за спорт“ најдобри женски тимови беа Triogy Racing, ОК Златоврв и ФЕИТ, а најдобри од машките тимови беа ОК Златоврв, АРМ и АК Струмица и мешани МПС Скопје, Ваљда ќе стигнат и ИПА Скопје.

Прво место за најдобар транспарент беше Ива Весевска, а најдобра фотографија имаше Анета Цветкова. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close