0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Високообразовните установи каде постои можност за примена на протоколите можат да ги реализираат активностите

Согласно одредбите, на високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот за полагање испити на високообразовните установи, а во согласност со мерките за заштита од коронавирусот од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, може да се реализираат студиските програми, како и проверката на знаењето, со физичко присуство на студентот, беше одлучено на денешната 56-та владина седица. 

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Согласно одредбите, на високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот за полагање испити на високообразовните установи, а во согласност со мерките за заштита од коронавирусот од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, може да се реализираат студиските програми, како и проверката на знаењето, со физичко присуство на студентот, беше одлучено на денешната 56-та владина седица.
Од владината прес-служба наведоа дека високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот, со физичко присуство на студентот може да се реализираат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно – научната и уметничката област, консултативно – инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), полагањето на испитите и колоквиумите, како и одбраната на дипломска, магистерска теза и докторска труд.
– Исто така, со Уредбата се регулира и работата на Стручната служба, која може да се врши со физичко присуство на вработените, ако за тоа постои можност за примена на протоколот, посочија од Владата. см/скс/

Back to top button
Close
Close