0_Спорт.ПорталРакометРезултати

Висок пораз на Металург на гостувањето во Австрија

Ракометарите на Металург го претрпеа седмиот пораз во осмиот натпревар во Лига Европа, откако вечерва убедливо загубија на гостувањето кај австриски Фајверс со 45:30 (22:13).

Виена, 23 февруари 2021 (МИА) – Ракометарите на Металург го претрпеа седмиот пораз во осмиот натпревар во Лига Европа, откако вечерва убедливо загубија на гостувањето кај австриски Фајверс со 45:30 (22:13). 

Домаќините веќе во воведните минути поведоа со седум голови предност (9:2) што до полувремето ги зголемија на плус девет и ги решија сите дилеми околу победникот. 

Најефикасен во редовите на Металург беше црногорскиот интернационалец Милан Поповиќ со девет голови. 

Металург по осум натпревари е последнопласиран во групата А, со седум порази и едно реми, а во следното, претпоследно, коло во групната фаза ќе игра на домашен терен против Адемар, на втори март. ег/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close