0_Македонија.ПорталОпштество

Виртуелна дебата „Правото на вода и санитација како основно човеково право во време на пандемија“

Виртуелна дебата со наслов „Правото на вода и санитација како основно човеково право во време на пандемија“ ќе се одржи денеска преку апликацијата „zoom“, во организација на невладината Новинари за човекови права во соработка со проектот „Water4changes-Вода“ поддржан од Global shapers hub-Skopje.

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Виртуелна дебата со наслов „Правото на вода и санитација како основно човеково право во време на пандемија“ ќе се одржи денеска преку апликацијата „zoom“, во организација на невладината Новинари за човекови права во соработка со проектот „Water4changes-Вода“ поддржан од Global shapers hub-Skopje.

– Обезбедување на безбедна вода, санитација и хигиена се од суштинско значење за
заштита на здравјето на луѓето во појава на сите заразни инфективни заболувања,
вклучително и на вирусот Ковид-19. Обезбедување добра и доследна примена на
„wash“ практики за управување со отпад во заедниците, домовите, училиштата, места на
пазарот и здравствени установи ќе помогнат во спречувањето на пренесување на вирусот
Ковид-19 од човек на човек, се вели во соопштението од Новинари за човекови права.

Оттаму посочуваат дека најважните информации во врска со „wash“ и вирусот Ковид-19 е одржувањето на личната хигиена и тоа преку честата и правилна хигиена на рацете, што е една од
најважните мерки за спречување на инфекција со овој вирус.

– Неспорно е дека многу придобивки ќе бидат реализирани со безбедно управување со водата и санитарни услуги, како и примена на добри хигиенски практики. Oд голема важност е да празговараме на оваа тема и да ја продолжиме дебатата за управувањето со водните ресурси во Рeпублика Северна Македонија во услови на криза и иницијативата за имплементацијата на правото на вода и санитација како основно човеково право во Уставот, додаваат во соопштението. мс/лв/

Back to top button
Close
Close