Дописници МКДОпштински вести

Виолета Прцуловска успешна жена претприемач од ресенски Царев Двор

Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ ја промовира Виолета Прцуловска за успешна жена претприемач, овоштар која ја менаџира семејната фарма „Spirit of Prespa” („Духот на Преспа“) во село Царев Двор.

Ресен, 25 февруари 2020 (МИА)

Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ ја промовира Виолета Прцуловска за успешна жена претприемач, овоштар која ја менаџира семејната фарма „Spirit of Prespa” („Духот на Преспа“) во село Царев Двор.

Прцуловска со семејството последниве две години се рекордери според собраните количини јаболка кои се движат од 135 до 155 тони по сезона, и освен одгледување јаболки таа во Преспа промовира агротуризам.

-Ова не се времиња за жалење туку за работење. Потребна е инвентивност и креативност. Потребно е знаење и затоа ние вложуваме во нас, учествуваме на работилници за јакнење на капацитетот како што тоа го направивме на работилница во Франција. Постојано инвестираме и се информираме затоа што ако сте добро информирани, ако ја знаете состојбата со пазарите и родот на јаболката во државите во регионот, тогаш ќе знаете кога да ги пласирате на пазарот, вели Прцуловска, жена претприемач.

Виолета Прцуловска во 2018 година од Општина Ресен доби награда за најуспешна жена овоштар, а според ЗЕЗ „Зелена берза“ таа е успешна жена претприемач посветена на развојот на агротуризам и други новини содржани во проектот „Европските перспективи на руралната жена“.

-Ние знаеме дека за развој на агротуризам се потребни оригинални идеи, нешто што нема на друго место, а со оглед дека во Преспа е најзастапено јаболкото, на нашата фарма за туристите од странство нудиме штрудла со јаболка, сок од јаболка, ракија од јаболка, свежи или како јас ги викам „весели јаболка“. Но, тоа не е доволно, вели Прцуловска, потребни се новини, нови производи, сушено јаболко и друго.

Виолета Прцуловска е користи поддршка од ИПАРД програмите кои ги промовира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во соработка со членки од здружението рурална жена на Преспа ќе одгледуваат планински чај, а тоа според ЗЕЗ „Зелена берза“ може да биде уште една успешна приказна на жена претприемач. мт/ир

Таг
Back to top button
Close
Close