0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Вилијан одби уште една понуда од Челси

Во исто време, менаџерот на „сините“ Френк Лампард сака клубот да го задржи играчот

Лондон, 3 август 2020 (МИА) – Челси упати ажурирана понуда до Вилијан за нов договор, објави „Гардијан“. „Сините“ понудија двегодишен договор, но 31-годишниот Бразилец не се согласи бидејќи инсистира на тригодишен договор.

Во исто време, менаџерот на „сините“ Френк Лампард сака клубот да го задржи играчот.

Во сезоната 2019/20, Вилијан настапи на 47 мечеви за Челси, откако реализираше 11 голови и 9 асистенции.

Веројатно неговиот последен натпревар со екипата од Лондон“ ќе биде реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Баерн (Минхен) в сабота.

Се повеќе се шпекулира дека Бразилецот ќе ја продолжи кариерата во Арсенал.

Таг
Back to top button
Close
Close