0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Вилијан и Педро ќе ги доиграат мечевите во Премиер лигата, но нема да останат за ЛШ

Како што е познато, „сините“ заостануваат со 0: 3 по првиот меч. Се сметаше дека Педро нема да се согласи да ја доврши кампањата во Челси, бидејќи веќе беше договорено летово да се пресели во Рома.

Лондон, 23 јуни 2020 (МИА) – Двете крила на Челси, Вилијан и Педро Родригез, се согласија да ги продолжат за уште еден месец договорите, за да ја завршат сезоната во Премиер лигата со „сините“, пренесуваат англиските медиуми.

Сепак, тие нема да останат во тимот за реваншот против Баерн (Минхен) во Лигата на шампионите во август.

Како што е познато, „сините“ заостануваат со 0: 3 по првиот меч. Се сметаше дека Педро нема да се согласи да ја доврши кампањата во Челси, бидејќи веќе беше договорено летово да се пресели во Рома.

Сепак, по разговорите со менаџерот Франк Лампард и директорката Марина Гранковскаја, Шпанецот се согласил да му помогне на тимот во своите првенствени натпревари до крајот на сезоната.

За Вилијан сè уште нема информации дека тој се договорил со друг клуб, но тој тешко дека ќе продолжи да го носи дресот на Челси во текот на следната кампања.

Таг
Back to top button
Close
Close