Општински вестиСкопје

Викендов паркингот на Водно го искористиле 407 возила

Паркингот на Водно во текот на викендoт го искористиле 407 возила, информираат од Град Скопје.

Скопје, 22 февруари 2021 (МИА) – Паркингот на Водно во текот на викендoт го искористиле 407 возила, информираат од Град Скопје.

Апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари.

Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира. ар/са/

 

Таг
Back to top button
Close
Close