Дописници МКДОпштински вести

Викендов на Плачковица ќе се одржи втората меѓународна трка „Чупино вертикал“

Здружението „Ранинг скуад“ од Виница ќе биде организатор на втората меѓународна рекреативна трка „Чупино вертикал“, што ќе се одржи викендов на падините на планината Плачковица.

Виница, 14 февруари 2020 (МИА) – Здружението „Ранинг скуад“ од Виница ќе биде организатор на втората меѓународна рекреативна трка „Чупино вертикал“, што ќе се одржи викендов на падините на планината Плачковица.

Tрката е со должина од 5.500 метри и висинска разлика од 1.030 метри, а стартот е закажан за в недела во 10 часот, и ќе се трча од центарот на селото Блатец до врвот Чупино на 1.680 метри надморска височина.

– После традиционалната трка „Чупино треил“, што беше организирана во почетокот на септември, годинава по вторпат се одржува и „Чупино вертикал“. Тоа е трка во дисциплината вертикален километар во која натпреварувачите искачуваат висинска разлика од илјада метри во должина од максимум пет километри, со дозволена отстапка до десет отсто. Со оглед на зимските услови и специфичноста на теренот, трката е предвидена за искусни тркачи, планинари и алпинисти, информираа од Општина Виница.

Прогласувањето на победниците ќе биде во Блатец, каде по завршувањето на трката ќе има топли пијалоци и храна за сите учесници.

Покровител на трката „Чупино вертикал“ и годинава е локалната самоуправа на Виница, а финансиска поддршка во организацијата е обезбедена и од локалните компании. та/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close