0_Спорт.ПорталФудбал

Виери за Роналдо: Јуве загуби 25-30 гола, по неговото заминување Интер е фаворит во Серија А

Поранешниот напаѓач на Јувентус и Интер, Кристијан Виери проговори за заминувањето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед.

Рим, 3 септември 2021 (МИА) – Поранешниот напаѓач на Јувентус и Интер, Кристијан Виери проговори за заминувањето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед.

– Пред да замине Роналдо, реков дека Јувентус е најсилниот тим во Италија. Сега Интер е фаворит. Јувентус загуби од 25 до 30 голови. Луѓето кои велеа дека Роналдо не е многу добар во Јувентус, треба да бидат среќни. Но, нема подобар напаѓач од него. Некој ќе мора да ги постигне сите овие голови. Мислам дека Мојс Кин не е способен за тоа, но би било фер да му се даде сезона да се докаже.

Икарди игра малку за тимот, но по природа знае како да ги заврши нападите. Лесно постигнува 20 гола. Бидејќи на Јувентус му се потребни тие 20 гола, клубот можеби требаше да стори повеќе за да го добие Икарди, изјави Виери во интервју за „Ла Газета дело Спорт“.

Роналдо на почетокот на новата сезона од Јувентус се пресели во Манчестер јунајтед. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close