0_Магазин.ПорталПатувања

Виена е најзелениот град во светот

Повеќе од 100 градови во светот се анализирани според критериумите поврзани со парковите и зелените површини во самиот град, употребата на обновлива енергија, квалитетот на воздухот, градскиот превоз, снабдувањето со домашни производи на пазарите...

Виена, 6 мај 2020 (МИА) – Австриската престолнина Виена е прогласена за најзелен град во светот, според топ 10 листата на канадско-американската консултантска агенција „Резонанс“ за 2020 година.

Зад неа следат Минхен, Берлин и Мадрид. Повеќе од 100 градови во светот се анализирани според критериумите поврзани со парковите и зелените површини во самиот град, употребата на обновлива енергија, квалитетот на воздухот, градскиот превоз, снабдувањето со домашни производи на пазарите итн.

Виена, во споредба со другите градови, е лидер во однос на подвижноста и парковите, но и тоа дека е една од ретките метрополи, која во самите свои граници има национален парк.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close