0_Македонија.ПорталKultura.SlajderКултураКултура.Портал

Видеопроекција на Универзална сала и „Skopje Light Art District“ за благодарност до сите што се борат со коронавирусот

Универзална сала и Фестивалот на светлината „Skopje Light Art District” во знак на благодарност до сите поединци и групи кои напорно работат во борбата со пандемијата од КОВИД-19 изработија видеопроекција поставена на влезот на Универзалната сала.

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Универзална сала и Фестивалот на светлината „Skopje Light Art District” во знак на благодарност до сите поединци и групи кои напорно работат во борбата со пандемијата од КОВИД-19 изработија видеопроекција поставена на влезот на Универзалната сала.

Видеото е направено од пријатели и соработници на „Skopje Light Art District”, а пораките за благодарност се испишани на повеќе светски јазици.

Изработено е во рамки на проектот на Град Скопје „Култура во време на корона“ и, како што соопшти Универзалната сала, посветено е на сите што се во првите редови во борба со короната.

-Тие се главните фактори кои го овозможуваат функционирањето на државите и економмиите, наведува Универзална сала. хс/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close