0_Спорт.ПорталФудбал

Видал за натпреварите без гледачи: Тешко е да се мотивирате без публика

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал го сподели своето мислење за одржување натпревари во отсуство на навивачи на стадионите поради пандемијата на коронавирус.

Барселона, 24 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал го сподели своето мислење за одржување натпревари во отсуство на навивачи на стадионите поради пандемијата на коронавирус.

– Сè изгледа чудно и комплицирано, од процедури пред натпревари до протоколи. Претходно, беше невозможно да се мисли дека можат да се појават такви работи. Недостаток на навивачи? Навивачите ни даваат емоции што веќе ги немаме, дури и кога одиме на стадион. Атмосферата се смени многу. Тешко е да се најде мотивација да ги дадете најдобрите изданија. Понекогаш е тешко дури и да се присилите да влезете на теренот. Фудбалот зависи од атмосферата што ја создаваат навивачите, потенцира Видал. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close